Дома Фудбал Италија Aко ваквите промени се случат Серија А ќе биде сосема ново натпреварување

Aко ваквите промени се случат Серија А ќе биде сосема ново натпреварување

Претседателот на италијанскиот фудбалски сојуз Габриел Гравина откри дека се разгледува можноста за плеј-оф и плеј-аут во Серија А.

Во Италија доигрувањата не се „модерни“, а се користат само во ретки ситуации кога клубовите се еднакви во сите сегменти на крајот од сезоната и се борба за опстанок, титула или пласман во Европа.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Маѓутоа Гравина за „Кориере дело Спорт“ нагласува дека Серија А би можела да добие нови правила во иднина со цел да се подобри имиџот на натпреварувањето.

„Фудбалот доживува криза на која не и треба толку нови правила, туку некои промени. Разговарвме за плеј-оф и плеј-аут во Серија А. Тоа засега изгледа чудно, но е нешто за кое мораме да размислуваме и можби во иднина ќе биде приоритет“, изјави Гравина за „Кориере“.

Гравина не објасни како сето тоа би изгледало, но навистина би било необично да гледаме разигрувања во Серија А во борба за титулата, Европа или опстанокот.

Во Италија претходно се разгледуваше можноста квалитетот на лигата да се зголеми на начин со што лигата би била скратена на 18 клубови.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Познати 24 учесници на Мундијалот за клубови во САД

Веќе се познати сите учесници на новиот формат во кој ќе се игра Светското клупско првенст…