Дома Останати Кошарка НБА Aдебајо со звукот на сирената го сруши Бруклин, 37 поени на Дончиќ не беа доволни за победа на Далас 🎥

Aдебајо со звукот на сирената го сруши Бруклин, 37 поени на Дончиќ не беа доволни за победа на Далас 🎥

Бем Адебајо беше херојот на Мајами во големата победа против Бруклин од 109:107.

Адебајо ја превзема одговорноста и поентираше со звукот на сирената. Натпреварот беше одбележан и со повредата на Кевин Дурант. Адебајо беше и најефикасниот кај Мајами со 21 поени, 15 скокови и 5 асистенции. Во редовите на Бруклин Шамет уфрли 30 поени. Словенецот Драгиќ имаше солиден настап со 18 поени, осум скокови и шест асистенции.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Клиперси рутински стигнаа до победа над Минесота (124:105) и така ја продолжија борбата за повисок пламан пред почетокот на пле-фот. Големата разлика кошаркарите на Тајрон Лу ја обезбедија во првите три четвртини и во финишот само ја довршија работата. Пол Џорџ беше водечки стрелец со 23 поени, 7 скокови и 5 асистенции, кај Минестоа Едвардс стигна исто така до 23 поени.

Далас беше поразен на домашен терен од Сакраменто со 107:127. На Мавси не помогнаа и 37 поени на Лука Дончиќ кој на крајот ги загуби нервите па заработи и техничка грешка. Фокс кај победничкиот тим стигна до дабл-дабл од 30 поени, 12 асистенции и 4 скока.

Торонто дојде до победа против Оклахома од 112:106. Најефикасен во редовите на Торонто беше Бучер со дабл-дабл учинок од 31 поени, 11 скокови и 2 асистенции. Дорт кај Оклахома постигна 29.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Манчестер Јунајтед го сака дефанзивецот на Јувентус

Манчестер Јунајтед е силно заинтересиран за дефанзивецот на Јувентус, Жеилсон Бремер, прен…