Дома Фудбал Aдама Траоре се најде на списокот на две репрезентации

Aдама Траоре се најде на списокот на две репрезентации

Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Луис Енрике денес го објави списокот на играчи на кои ќе смета за претстојните натпревари и на него се најде Адама Траоре, три дена откако селекторот на Мали го направи истото.

И едната и другата репрезентација се заинтересирани за Траоре, а самиот фудбалер се изјасни дека сака да игра за Шпанија. Тој беше и на претходните списоци на Шпанија, но повредите и пандемијата со коронавирусот го спречија да заигра и така се остави отворена можноста да игра и за Мали.

Бидејќи Траоре настапуваше за младите селекции на „Црвената фурија“ му беше потребна дозвола од ФИФА за да премине во селекцијата од афричкиот континент. ФИФА денес соопшти дека тој не поднел барање за промена на меѓународниот статус.

Луис Енрике изјави дека очекува Траоре да дебитира за Шпанија.

„Колку што знам тој сака да игра за Шпанија“, изјави Енрике.

Инаку, селекторот на Мали го стави Траоре на списокот за пријателските натпревари против Гана и Иран.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Кејн славеше „Златна топка“, па промаши пенал: Милан го урна Интер, Хакими со хет-трик

Баерн остана без победа во германското класико, Милан му го нанесе првиот сезонски пораз н…