Денес на „Тодор Проески“ беше одиграно градското дерби помеѓу Работнички и Вардар.
69-тото скопско дерби на крајот заврши со победа за Вардар од 0:1.
Салах руши рекорди! Викендов две големи дербија во Премиер Лига! ↓↓↓
Вардар со оглед на формата во која игра Работнички сезонава беше фаворит за победа. Сепак, „романтичарите“ добро се држеа.
На стартот од натпреварот немаше премногу шанси, Вардар имаше теренска иницијатива, но не успеваше да креира посеризони шанси. По активно Вардар нападна во вториот дел од првото полувреме, а најголемата шанса ја пропушти Мицевски кој ја погоди стативата.
После стативата на Мицевски, Колевски пропушти две прилики.
Второто полувреме беше бавно изгледаше како и двата тима да се задоволни со бод. Клучниот момент се случи во 75-тата минута кога најдобриот стрелец на Вардар, Аврамовски постигна гол од слободен удар.