Дома Фудбал Англија Aртета: Го сакаме Мбапе!

Aртета: Го сакаме Мбапе!

Meнаџерот на Арсенал Микел Артета изјави дека би било апсурдно „топџиите“ да не се заинтересирани за играч како Килијан Мбапе кој како што стојат работите ќе заврши во ПСЖ на крајот од сезоната.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Вчера беше објавено дека Мбапе ги известил челниците на ПСЖ за неговата намера да замине на крајот од сезоната.

„Кога на пазарот е фудбалер од таков калибар, мораме да бидеме заинтересирани, секако дека го сакаме. Сепак, можам да кажам дека е тешко да дојде кај нас“, изјави Артета.

Реал Мадрид веќе долго време се поврзува со Мбапе и би било чудно Французинот на крајот да се пресели во друг клуб. Арсенал сезонава се бори за титулата во Премиер лигата и се наоѓа на третото место со 52 бода, лидер е Ливерпул со 54.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Ова не можеа да го направат ниту Роналдо ниту Меси: Ѕвезда на ПСЖ собори рекорд во ЛШ!

Во финалето на Лигата на шампионите ќе ги гледаме ПСЖ и Арсенал. Парижаните успеаја да го …