Дома Фудбал Англија Aрсенал никогаш не бил поблиску до враќање во Лигата на шампионите!

Aрсенал никогаш не бил поблиску до враќање во Лигата на шампионите!

Eвропските првенства влегуваат во последната третина и секој натпревар е од посебна важност и може да се покаже како клучен за конечниот пласман.

Блиску до враќање, поточно никогаш поблиску во последните години не бил Арсенал. Арсенал денес во заостанатиот натпревар ја победија Астон Вила 0:1 и така станаа посигурни на четвртата позиција.

Клучниот момент се случи во 30. минута кога после една гужба во шеснаесетникот Сака го постигна единствениот гол на натпреварот. Тоа беше вкупно 2000 гол за Арсенал во Премиер лигата.

Астон Вила во овој натпревар беше без многу големи прилики за гол и со оглед на она што го видовме на теренот може да се каже дека „топџиите“ заслужено ги освоија бодовите. На четвртото место Арсенал има 54 бода, пет повеќе од Манчестер Јунајтед на петтата позиција, треба да се спомене дека Арсенал има и натпревар помалце.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Дибала: Алегри и Мурињо се слични, но поблизок сум со Жозе

Пауло Дибала ова лето се пресели во Рома и изгледа дека направи вистински потег бидејќи иг…