Дома Топ вести Aнчелоти магупски му одговори на Чави: Нема да паднам на тоа ниво

Aнчелоти магупски му одговори на Чави: Нема да паднам на тоа ниво

Тренерот на Барселона, Чави Ернандез во последниот период се почесто зборува за судењето во Ла Лига и истакнува незадоволство.

Така беше и пред натпреварот против Алавес (ТУКА), но набрзо стигна одговор од неговиот колега на клупата на Реал Мадрид, Карло Анчелоти.

 Италијанскиот стратег го подготвува својот тим за градското дерби против Атлетико Мадрид, а новинарите ги интересираше да даде коментар за изјавите на Чави.

„Јас сум професионалец и како таков нема да си дозволам да паднам на такво ниво. Од почит кон шпанскиот фудбал нема да продолжам да зборувам на таа тема. Не ми поставувајте повеќе прашања на таа тема, за мене таквите коментари се непрофесионалност“, изјави Анчелоти.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Игра за ПСЖ и заработува девет милиони евра, а на тренинг дојде со – комбе! (Видео)

Португалскиот играч на средниот ред Жоао Невес (21), дел од тимот на Париз Сент-Жермен, ст…