Денес пред натпреварот со Естонија, прес-конференција одржа селекторот Игор Ангеловски и напаѓачот Иван Тричковски.
Селекторот Ангеловски најави дека ќе се оди по победа иако емоционално се испразнето по дуелот со Грузија.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
“Во септември кога почна новата сезона на Лигата на нации кажав дека главна цел е пласман на ЕП, но зошто да не бидеме и први. Нормално дека после еден ваков настан сме испразнети емоционално, меѓутоа сакаме да победиме за да се бориме за прво место“
“Можноста пак да бидеме шампиони во нашата конкуренција во Лига на Нации секако мотивира. Од утрешниот натпревар ќе бидеме репрезентација која е учесник на ЕП и мораме да ја оправдаме таа голема одговорност“, изјави селекторот.