Вториот светски тенисер во светот, Карлос Алкараз му честиташе на Новак Ѓоковиќ на првото место на АТП листата на крајот на тениската сезона.
Ѓоковиќ оваа година освои три грен-слем титули и два мастерса, а изгуби финале на Вимблдон токму од младиот Шпанец.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Нема дилеми дали го заслужи или не. Освои три грен-слем титули и играше финале на четвртиот. Мастерси, колку? Два или три? Изгуби пет мечеви цела сезона. Тоа е неверојатно. Навистина импресивно“, изјави Алкараз.
Алкараз се бореше со Ѓоковиќ за првото место, но не успеа да одигра добро во завршницатан а сезоната.
„Се борев за првото место и имав шанса на турнирите кои ги игав оваа есен, но не ја искористив. Се што можам кажам е да му честитам, осми пат ја заврши годината како прв во светот. Следната година се надевам повторно ќе имаме голема борба“, додаде Шпанецот.
Шпанскиот тенисер на завршниот турнир во Торино на стартот беше поразен од Александар Зверев со 2:1 во сетови.