Дома Фудбал Англија Aлиоски: Тајната на формата? – Марсело Биелса!

Aлиоски: Тајната на формата? – Марсело Биелса!

Репрезнтативецот на Македонија, Езгјан Алиоски викендов постигна убав гола во победата на Лидс над Хадерсфилд од 2:0.

Лидс со овој триумф ја продолжи одличната форма која го донесе во борба за пласман во Премиер лигата. Алиоски по натпреварот во кој беше стрелец за англиските медиуми зборуваше за тајната на успехот и испрати огромни пофалби за Марсело Биелса.

„Тајната на успехот е едноставна – Марсело Биелса! Имаме тренер кој работи одлично и прави за да стоиме цврсто на земја и после шест победи во низа. Тоа не е лесно, кога ќе влезеш во една таква серија се чуствуваш моќно, па може да дојде и до опуштање. Марсело не дозволува да ни се случи такво нешто, со него не можеш да помислиш дека некој натпревар ќе биде лесен“.

„Луѓето од страна гледаат и мислат дека е лесно, но всушност ретко кој знае колку сме работеле за да ги имаме овие шест победи. Среќен сум што дадов гол, но поважно е што победивме без да примиме гол. Инаку, секако дека е убаво кога после повреда ќе се вратиш со гол“, изјави македонскиот фудбалер.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Гризман ја спаси Барселона од срам против третолигашот Ибица

Барселона денес едвај ја го победи тимот на Ибица во купот на Шпанија. Ибица шокантно стиг…