Дома Фудбал Италија Aларм во Милано: Што се случува со Пјонтек?

Aларм во Милано: Што се случува со Пјонтек?

0

„30 голови за Џенова и Милан во минатата сезона, а нула во припремните натпревари на „росонерите“ оваа сезона – што се случи со Криштоф Пјонтек“, се прашува „Газета“

Припремните натпревари не се секогаш мерило, но како прв стрелец и човек од кого се очекуваат 20 голови или повеќе голови во пет натпревари на припремните не успеа да постигне ниту еден гол и тоа е причина за аларм во Милано.

Минатата сезона во својата прва сезона во Италија, Пјонтек постигна 19 голови за Џенова, а откако премина во Милан додаде 11, вкупно 30 цела сезона.

Во Џенова го тренираше Балардини, а во Милано Гатузо. Сега во Милан пристигна марко Џампаоло, тренер со филозофија која се разликува од онаа која ја имаа претходните тренери на Пјонтек.

Џампаоло сака фудбал кој е преполн со механизам и таа игра бара сериозен ангажман од напаѓачите во смисла на движење и разбирање на играта, а „Газета“ тврди дека тука полскиот напаѓач буквално се изгубил.

Ако сака да го задржи својот статус Пјонтек ќе мора да почне да постигнува голови. Бидејќи на крајот на денот за еден напаѓач головите се мерило за неговиот квалитет.

Коментари
Advertisements
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид е спремен да понуди 400 милиони евра за Мбапе!

Реал Мадрид наводно е спремен да постави нов рекорд кога се во прашање трансферите во обид…