Дома Фудбал Репрезентации Aдеми игра малку за Динамо поради клазулата на Кинезите

Aдеми игра малку за Динамо поради клазулата на Кинезите

Летово Аријан Адеми се врати од Кина во Динамо Загреб откако во тимот на Пекинг Гуан се задржа само шест месеци.

Трансферот на Адеми беше завршен во последниот ден од преодниот рок за сума од 300.000 евра. Поради тоа Динамо не стигна навреме да го пријави Адеми за европските натпреварувања и македонскиот репрезентативец во Европа ќе може да помогне од нокаут фазата.


Му ги броиме деновите на Тен Хаг во Манчестер! ↓↓↓


Во домашното првенство од враќањето Адеми одигра седум минтуи против Славен Белупо, 28 против Рудеш и 27 против Пониква во Купот.

Причината за ваквата мала минутажа на Адеми е клазулата која ја вметнале Кинезите во договорот. Имено, Динамо за Адеми ќе треба да исплати дополнителни 500.000 евра ако Адеми до крајот на годината одигра осум натпревари со повеќе од 35 минути (не се смета судиското продолжение на натпреварите).

Понатаму, ако Адеми одигра 15 натпревари со повеќе од 35 минути Динамо ќе плати уште 700.000 евра.

Токму поради ваквата ситуација клубот тактизира со минутажата на Адеми.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Спектакуларно: Асистанција на Хименез за ТВ шпици – со пета ја измами одбраната на Манчестер Сити! 🎥

Резултатот на натпреварот помеѓу Фулам и Манчестер Сити на полувремето е 1:1 , а Фулам прв…