Дома Топ вести Барса прво му ветуваше па сега „пу-пу не важи“: Ракитиќ има зошто да биде незадоволен!

Барса прво му ветуваше па сега „пу-пу не важи“: Ракитиќ има зошто да биде незадоволен!

rakitic

Во летниот преоден рок кој е зад нас Иван Ракитиќ на големо се поврзуваше со заминување од Барселона, но на крајот сепак одлучи да остане на „Камп Ноу“.

Имено, за Ракитиќ голем интерес во текот на летото покажуваа Пари Сен Жермен и Баерн Минхен, јасно главен иницијатор кај Германците беше неговиот сонародник Нико Ковач.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На крајот Барселона му вети нов договор и поголема плата, па Ракитиќ не е ја напушти Каталонија.

Сега прашање е дали ветувањето за нов договор и платата биле една од поважните причини што Хрватот одлучи да остане, а ако е така тогаш не би било чудно кај фудбалерот да се појави незадоволство поради последната изјава на Бартомеу.

„Во актуелната сезона навистина не би можеле да го исполниме барањето за нов договор на Иван Ракитиќ. Следната сезона ќе направиме нова проценка, се зависи од приходите“, изјави Бартомеу.

Ракитиќ засега после оваа изјава на првиот човек на Каталонците не се огласил во медиумите.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Урнебесно: Карагер пијан го интервјуираше Санчо 🎥

Фудбалерите на Борусија Дортмунд синоќа на домашен терен на „Сигнал Идуна Парк“ го совлада…