Дома Фото Реал именуваше четворица капитени, Модриќ изоставен

Реал именуваше четворица капитени, Модриќ изоставен

Реал Мадрид на својата официјална страница ги објави имињата на четворицата капитени за сезона 2018/19.

Како и претходно, прв капитен останува Серхио Рамос, а негов прв заменик е Бразилецот Марсело.

Трет избор за капитен е Карим Бензема, а четврти Рафаел Варан, кој според многумина е изненадување. Французинот го наследи Кристијано Роналдо, кој замина во Јувентус.

Сепак, поголемо изненадување е тоа што меѓу нив не се најде Лука Модриќ. Фудбалерот кој е прогласен за најдобар играч во Европа и на СП во Русија веќе со години е еден од најважните играчи на Кралевите.

Лука веќе има искуство со капитенската лента во хрватската репрезентација, а останува да видиме дали ова е знак дека неговата кариера во Мадрид е пред крајот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фото

Проверете

Манчестер јунајтед плати 70.000.000 фунти за да доведе играч од средниот ред!

Манчестер јунајтед заврши со ангажманот што Мајкл Керик толку го посакуваше во текот на ле…