Дома Топ вести Сага која нема крај: Модриќ им се доверил на соиграчите дека доаѓа кај нив!?

Сага која нема крај: Модриќ им се доверил на соиграчите дека доаѓа кај нив!?

Лука Модриќ и Интер – и понатаму е можно! Барем ако им веруваме на италијанските медиуми кој се уште пишуваат за големата трансфер сага од финишот на летото.

Интер долго време се обидуваше да го доведе Модриќ, но претседателот Флорентино Перез после Кристиано Роналдо не сакаше да загуби уште еден важен играч.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


На крајот „нероаѕурите“ останаа со празни раце, а европскиот шампион испрати и тужба до ФИФА која сепак нивните обвинување ги отфрли со објаснување дека истите немаат основа.

Но, според реномираниот италијански медиум „Медијасет“ контактите не се целосно прекинати.

Италијанците пишуваат дека Модриќ на неговите соиграчи од репрезентацијата, Брозовиќ, Перишиќ и Врсалјко им откри дека во јануари ќе стане нивни соиграч.

Секако, информациите се далеку од доверливи, но најавува дека ништо не е готово и дека во јануари Интер повторно ќе се врати по Модриќ.

Меѓутоа прашање е како сега ќе го убедат лутиот Перез кој тврдеше и дека во својата кариера за прв пат во случајот на Модриќ се соочил со ситуација еден клуб да се обидува без пари да доведе играч кој е под договор со Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

„Бомба“: Еден од најголемите ривали на Ѓоковиќ стана негов тренер!

Новак Ѓоковиќ го потврди својот нов тренер и тој е големо изненадување. Имено во подготовк…