Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо тврди дека Пол Погба никогаш не ја искажал својата желба да го напушти „Олд Трафорд“.
Иднината на Погба е главна тема веќе неколку месеци и готово сите медиуми тврдат дека Французинот сака да си замине од Манчестер Јунајтед.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Самиот Погба неодмна изјави дека „не знае што може да се случи во следните месеци“, а Мурињо тврди дека Французинот никогаш не кажал дека сака да замине.
„Пол се врати на тренинзите една недела пред да почне сезоната, што значи дека сме заедно отприлика два месеца. Никогаш не ми рекол дека сака да замине. Јас можам да го коментирам она што е реално, а не тоа што го читам или слушам. Немам директен контакт со луѓето што пишуваат, но затоа директно комуницирам со Пол и тој не спомнал заминување“, изјави Мурињо.
„Ако не вели дека сака да замине, тогаш сака да остане. Тоа е мојот едноставен заклучок. Доколку сака да замине треба да ми каже“, заклучи Португалецот.
Погба се поврзува со трансфер во Барселона и Јувентус, а некои медиуми тврдат дека може да го напушти Јунајтед уште во јануари.