Францускиот напаѓач, Антони Марсијал цело лето беше на излезна врата од Манчестер Јунајтед, но на крајот на големо изненадување остана на „Олд Трафорд“.
Марсијал не е задоволен од својот статус и минутажата која ја добива па инсистираше да ја пормени средината, дури и Мурињо даде зелено светло за трансферот, но раководството на „црвените ѓаволи“ одби да го стори тоа.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сепак, во Јунајтед имаат многу добра причина зошто не сакале да го продаваат Марсијал.
Имено, кога го донесоа францускиот напаѓач од Монако во летото 2015 година за 60 милиони евра, во договорот е вметната и една клаузула. Според неа, „црвените ѓаволи“ ќе треба да му дадат 50% од сумата на Монако при идна продажба на напаѓачот.
22-годишниот Марсијал нема намера да го продолжи договорот со Јунајтед, па изгледно е дека ќе го напушти клубот следното лето како слободен агент.
Manchester United don't want to sell Anthony Martial because they would owe Monaco 50% of the profits. (Source: Sun Sport) pic.twitter.com/86pdhMhAZM
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) September 15, 2018