Возачот на Ферари, Кими Раиконен, оствари најдобро време на вториот слободен тренинг пред трката за Големата награда за Сингапур.
Раиконен имаше најбрз круг од 1:38.699 минута, додека со 11 илјадитинки задоцнување втор беше лидерот во генералниот пласман и актуелен шампион Луис Хамилтон од Мерцедес.
Време е за Boxing Day! И време е за Wildcard на Fantasy Premier league! ↓↓↓
На третата и четвртата позиција завршија возачите на Ред Бул, Макс Ферстапен и Даниел Рикардо, а петти беше вториот возач на Мерцедес, Валтери Ботас.
Себастијан Фетел од Ферари имаше голем контакт со заштитниот ѕид, а малку недостигаше Хамилтон да удри во неговиот болид.