Дома Останати Тенис Огромни пофалби за Ѓоковиќ: Тениската легенда го смести „рамо до рамо“ со Џордан и Мухамед Али

Огромни пофалби за Ѓоковиќ: Тениската легенда го смести „рамо до рамо“ со Џордан и Мухамед Али

Во последните месеци Новак Ѓоковиќ го воодушевува тенискиот свет со своите настапи.

После освојувањето на Вимблдон и Мастресот во Сисинати, во голем стил стигна и до титулата на УС Опен.

Воодушевен беше и Матс Вајландер, поранешниот тениски број еден и освојувач на седум Грен Слем титули. Во последните години работи како коментатор на Еуроспорт и

е познат како редовен критичар на Ѓоковиќ, но сега го смесети помеѓу најдобрите спортисти во историјата.

„Новак би го сместил во категоријата на Мајкл Џордан и Мухамед Али. Би го додал тука уште Усаин Болт. Новак е најдобриот спортист кој тенисот го имач. Можеби тука се работи за највисоко можно ниво во тенисот. Дали е подобар од Федерер и Надал? Веројатно. Никој ништо не му може“, изјави Вајландер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Познати се финалистите на УС Опен

Познати се финалистите на УС Опен во машка конкуренција – Александар Зверев и Бен Шелтон ќ…