Дома Фудбал „Ла Масија“ е минато: Денес „реаловците“ се најважниот дел на Шпанија!

„Ла Масија“ е минато: Денес „реаловците“ се најважниот дел на Шпанија!

spain

Златната ера на фудбалската репрезентација на Шпанија се смета дека беше изградена на база на играчите на Барселона, но изгледа дека иднината на оваа селекција ќе се гради околу фудбалерите на Реал Мадрид и тоа под водство на човек кој беше тренер на Барселона.

Четири од шест погодоци кои Шпанија ги постигна во Лигата на Нации против Хрватска беа дело на играчи на Реал, а прв пат после 16 години во стартниот тим на „Фуријата“ имаше шест „реаловци“.


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Единственот Серхио Бускетс беше играч на Барселона против Хрватска. Тој беше дел од тимот на Шпанија кој го освои Светското првенство во 2010 и Европското во 2012, во финалните средби на овие две натпреварување имаше по шест играчи на Барселона.

Напаѓачот на Реал, Марко Асенсио доминиршае на насловните страни после фантастичниот настап против Хрватска. Асенсио постигна еден гол, испрати удар кој после пречеката заврши во грбот на Ловре Калиниќ кој така си постигна автогол, но и запиша три асистенции.

Еден гол во натпреварот постигна Саул Нигез од Атлетико, но истиот беше „сервиран“ од Дани Карвахал, додека Даниел Себалос го забележа своето меѓународно деби.

Луис Енрике пет сезони го носеше дресот на Реал, но во 1996 година направи контроверзен потег и премина во Барса. Таму го помина остатокот од кариерата, а имаше и трофеен тренерски период од 2014 до 2017 година.

„Не знав дека избрав шест играчи на Реал во стартниот тим, тоа воопшто не ме интересира. За мене тоа се репрезентативци на Шпанија и тоа се што можам да кажам“, изјави Енрике на конференцијата за медиуми по натпреварот.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Со Аргентина стана светски шампион во 2022 година, а денес две години е без клуб

Aргентинскиот фудбалер, Алехандро Папу Гомез (36) пред две години падна на допинг тест. Го…