Дома Фудбал Фудбалерот на Барса се забавувал, па не сакал да ја плати сметката – интервенирала полицијата!

Фудбалерот на Барса се забавувал, па не сакал да ја плати сметката – интервенирала полицијата!

Настанал голем проблем кога требало да се плати сметката…

Како што пренесуваат шпанските медиуми напаѓачот на Барселона, Мунир Ел Хадади се нашол во многу непријатна ситуација во саботата навечер.

Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив?


Имено, тој го прославувал својот роденден во познатиот ноќен клуб во Мадрид „Тифанис“, на неговата прослава присуствувале околу 40 гости, а по завршувањето на забавата пристигнала сметката.

Сумата која требало да ја плати Мунир за изнесувала 16.000 евра. Фудбалерот на Барселона сметал дека тоа е премногу и одбивал да плати.

Според информациите на медиумите, се стигнало до таму што морала да интевенира и полицијата.

Мунир, сепак после интервенцијата од надлежните органи се согласил да ја плати споменатата сума.

Овој фудбалер по потекло од Мароко е производ на „Ла Масија“, запиша 26 настапи за Барселона во Примера, а минатите две сезоини ги помина на позајмица во Валенсија и Алавес.

Минатата сезона за екипата од Виторија постигна 14 погодоци, па ова лето се врати на „Камп Ноу“ каде што Валверде е спремен да му даде шанса.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Фотографии кои ќе разбудат носталгија кај навивачите на Барселона: Меси се врати дома! (Фото)

Меѓу најголемите фудбалери на сите времиња, Аргентинецот Лео Меси, го посети Камп Ноу, ста…