Вечерва во рамките од Лигата на Нации својот натпревар го играат репрезентациите на Хрватска и Шпанија.
На вчерашната конференција за медиумите најмногу се зборуваше за Лука Модриќ кој после прогласувањето за најдобар играч на Мундијалот и најдобар во Европа од страна на УЕФА е главен кандидат за добивање и наградата за најдобар фудбалер во светот.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Ниту играчот за врска на Барселона и соиграч на Модриќ од репрезентацијата, Ракитиќ не можеше да го избегне таквото прашање.
„Лука апсолутно ги заслужува сите награди, му честитам. Ни сме мала земја и горди сме што го имаме најдобриот играч во светот. Најдобар во историјата е Лео, тоа е лесно, но ова беше година на Лука. Тоа го знае и Лео и сите луѓе во фудбалскиот светот. Ако тој не е најдобар, не знам што повеќе би требало да направи“, ијави Ракитиќ.
Ракитиќ потоа имаше и пофални зборови за селекторот на „Фуријата“, Луис Енрике со кого соработуваше во Барселона.
„Тој е еден од најкомплетните тренери во светот. На „Вембли“ видов многу работи кои ги правевме во Барселона. Му посакувам се најдобро, но не против нас. Среќен сум и горд што ќе имам можност да играм против него“, заврши фудбалерот на Барселона.