Новак Ѓоковиќ на импресивен начин се врати после повредата и после Вимболдон синоќа го освои и УС Опен, негов 14-ти Грен Слем во кариерата.
Ѓоковиќ за само неколку месеци успеа да се искачи од најлошата позиција во последните 12 години од неговата кариера до третото место на АТП листата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
По вчерашната победа, Новак има 6.445 бодови, односно 455 помалку од второпласираниот Федерер, односно 2.315 помалку од моменталниот лидер, Рафаел Надал и може да се врати на врвот на АТП листата уште по турнирот во Шангај.
До крајот на сезоната има уште четири големи турнири: Пекинг (500), Шангај (1.000), Париз (1.000) и завршниот турнир во Лондон (1.000). Тоа значи дека остануваат уште 4.000 потенцијални бодови.
Ѓоковиќ е единствен кој не брани бодови од претходната сезона. Федерер до крајот на сезоната треба да одбрани 2.100 бодови, додека Рафаел Надал треба да одбрани 1.280 бодови. Токму поради тоа Србинот е во одлична позиција за напад на првото место на АТП листата.