За прв пат во Англија ова лето клубовите од Премиер лигата можеа да купуваат фудбалери до 9-ти август што беше огромно скратување на преодниот рок со оглед дека претходно истиот завршуваше на 31-ви.
На Островот се пишува за незадоволството на клубовите кои наводно размислуваат да испратат жалба до раководството на лигата со која ќе бараат да се врати стариот рок.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Како главна причина за незадоволството се истакнува што клубовите не би биле во можност да реагираат во случај на повреда на некој фудбалер или пак да заменат фудбалер кој нема да ги исполни очекувањата.
Имено, за сето ова да биде прифатено и преодниот рок да биде вратен потребно е еден клуб официјално да го предложи таквото барање, а потоа истото да биде прифатено од најмалку 14 клубови учесници во најсилната англиска конкуренција.