Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во одрбана на Серена: Девојките не се дискриминирани, но судијата погреши

Ѓоковиќ во одрбана на Серена: Девојките не се дискриминирани, но судијата погреши

djokovic

Новак Ѓоковиќ изминатата ноќ го освои 14-тиот Грен слем во кариерата победувајќи го Хуан Мартин Дел Потро со 3:0 во сетови (6:3, 7:6, 6:3) во финалето на УС Опен.

Српскиот тенисер на прес конференцијата после мечот зборуваше за скандалот во женското финале во кое Серена Вилијамс во еден момент го навредуваше главниот судија, поради тоа што и беше одземен прво поен, а потоа и цел гем.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Серена тој натпревар го изгуби со 6:2 и 6:4 од одличната Јапонка, Наоми Осака.

Ѓоковиќ со изјавата застана во одбрана на американската тенисерка.

„Како прво, ја обожавам Серена и ми беше многу поради тоа што мораше да помине низ сето тоа. Не му беше лесно ниту на судијата тоа беше тешка ситуација. Но, сметам дека судијата претера, немаше потреба да оди до границите и тоа во едно финале на Грен Слем. Премногу влијаеше на текот на мечот. Сите ние се бориме со емоциите во текот на натпреварите, посебно кога играме за титула. Но, не мислам дека девојките се дискриминирани. Тешко е тоа така да се генералзиира и мислам дека за тоа не треба да се зборува“, изјави Ѓоковиќ.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Готово: Алкараз донел конечна одлука за Ролан Гарос

Беше под знак прашалник, но Карлос Алкараз и дефинитивно ќе настапи на Ролан Гарос во Пари…