Дома Останати Тенис Ѓоковиќ во голем стил до титулата на УС Опен

Ѓоковиќ во голем стил до титулата на УС Опен

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го освои УС Опен. Ѓоковиќ во синоќешното финале го совлада Аргентинецот Дел Потро со 3:0, по сетови 6:3, 7:6 и 6:3.

И двајцата тенисери влегоа сигурно во натпреварот. Сервисот работеше перфектно, но во осмиот гејм Дел Потро попушти. Иако имаше 40:0, Ѓоковиќ одигра одлично во продолжение на овој гејм и стигна до брејк. Со сигурен сервис подоцна го освои првиот сет со 6:3.

Исхрана, повреди и тренинг – совети од доктор по спортска медицина | Уште еден поткаст


Новак подобро влезе во вториот сет. Имаше предност од 3:1, но во неговата игра се забележа нервоза и Дел Потро набрзо го врати загубениот сервис. Победникот во вториот сет е беше решен во тај-брејк каде Аргентинецот прави неколку грешки, а Ноле тоа го искористи и го освои вториот сет со 7:6 за 2:0 во сетови.

Ѓокович одлично влезе и во третиот сет. Повторно поведе со 3:1, но Дел Потро не се предаваше и дојде до 3:3. Сепак, кога беше најважно аргентинскиот тенисер попушти.

Новак во осмиот гејм дојде до брејк, сервираше за меч, го доби третиот сет со 6:3 и го освои УС Опен со убедливи 3:0.

За Ноле ова е трета УС Опен титула и 14. Гренд Слем во кариерата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Тенис

Проверете

Ѓоковиќ доби нова улога заедно со најубавата спортистка на светот

Најдобриот тенисер на сите времиња, Новак Ѓоковиќ, и една од највлијателните спортистки на…