Дома Фудбал Се огласи и Лук Шо после жестокиот судир: Јас сум борец, наскоро се враќам!

Се огласи и Лук Шо после жестокиот судир: Јас сум борец, наскоро се враќам!

За среќа фудбалерот Лук Шо нема да има нова долга пауза после жестокиот судар со Шпанецот, Дани Карвахал.

Вчерашниот натпревар од Лигата на Нации помеѓу Англија и Шпанија го обележа тешкиот пад на дефанзивецот на „Гордиот Албион“ после кој тој мораше да биде изнесен на носилки.

Спортската јавноста беше загрижена за неговото здравје, а после вчерашното соопштение од Фудбалската асоцијација на Англија кое носеше добри вести денес се огласи и самиот фудбалер.

„Ви благодарам на сите на поддршката. Добро сум и се наоѓам во добри раце. Јас сум борец и ќе се вратам наскоро“, изјави Шо.

Иако најавите се дека е добро, се уште нема информации кога Шо ќе биде спремен да истрча на теренот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пред две години во втората лига на Андора, сега во нападот на Мексико!

Армандо Леон преку проба стигна до договор со Осиек, а со пет гола и две асистенции го при…