Дома Топ вести ЗИДАН ВО КОНТАКТ СО ЈУНАЈТЕД: Еве кои играчи ги сака веднаш, ако го превземе кормилото на клубот

ЗИДАН ВО КОНТАКТ СО ЈУНАЈТЕД: Еве кои играчи ги сака веднаш, ако го превземе кормилото на клубот

Во Манчестер Јунајтед работите не функционираат како што треба, па се повеќе е веројатно заминувањето на Мурињо. Доколку тоа се случи, во клубот веднаш ќе пристигне францускиот стратег, Зинедин Зидан.

Французинот е без работа од крајот на минатата сезона, кога одлучи да го напушти Реал по три последователни европски круни, и секој ден се повеќе се шпекулира дека токму тој би можел да го наследи Мурињо на „Олд Трафорд“. Навивачите не ја кријат желбата Зидан да ја превземе улогата на Мурињо, да внесе нова свежина во клубот, но и да се врати офанзивниот фудбал на „Олд Трафорд“.

Вардар, Работнички, Силекс, Шкендија – Кој ќе блесне во Европа!? ↓↓↓


Дека тоа е навистина така, сведочи фактот дека Зидан им доставил на управата на „Црвените ѓаволи“ листа на играчи кои ги сакал да ги има во Манчестер Јунајтед, пренесува „Мирор“. На неговиот список желби се играчот на Реал, Тони Крос, фудбалерот на Баерн, Тиаго Алкантара, Хамес Родригез, кој како позајмен играч на Реал настапува за Баерн, како и напаѓачот на ПСЖ, Едисон Кавани.

Зидан очигледно е подготвен, се чека само уште некој пораз на Јунајтед, кој ќе биде капка бензин на огнот кој го разгоре Мурињо во овој клуб.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ливерпул ја зголеми понудата за Виртц, рекордниот трансфер е сè поблиску

Ливерпул ја упати својата втора понуда до Баер (Леверкузен) за Флориан Виртц. Според Дејви…