Дома Фудбал Репрезентации „Малерозниот“ Шчесни: Кога дочека Буфон да замине се соочи со проблем во Полска

„Малерозниот“ Шчесни: Кога дочека Буфон да замине се соочи со проблем во Полска

Селекторот на Полска „слатките маки“ одлучи да ги реши со компромисно решение.

Репрезентацијата на Полска вчера одигра одличен натпревар и малку недостасуваше да слави победа против Италија, Жоржињо со голот од пенал спречи пораз на „Аѕурите“.

Традицијата продолжува, се трансформира - Pinko Crafts ↓↓↓


На голот на Полска во овој натпревар беше Лукаш Фабијански, а селекторот Јержи Бржечек беше на „слатки маки“ бидејќи како опција за голманската позиција го има сега првиот голман на Јувентс, Војчех Шчесни.

Поради се одлучи на несекојдневно решение – ќе ги менува голманите на секој втор натпревар.

Против Италија бранеше Фабијански, така ќе биде и против Португалија, додека чуварот на мрежата на Јувентус ќе брани следните два натпревари.

Ќе потсетиме Шчесни долго време во Јувентус беше замена за легендарниот Џанлуиџи Буфон кој ова лето го напушти клубот и се пресели во ПСЖ, сега кога дојде ред да биде прв избор во Торино се соочи со проблем во репрезентацијата.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Репрезентации

Проверете

Манчестер Сити пронајде замена за Гундоган: Гвардиола го сака еден од најдобрите фудбалери за врска

Манчестер Сити најде замена за германскиот фудбалерот од средниот ред Илкај Гундоган кој и…