Сергеј Милинковиќ Савиќ и понатаму е тема број еден во италијанските медиуми, српскиот фудбалер остана во Лацио и покрај понудите кои пристигнуваа на адреса на клубот од Рим во текот на летото.
Матеја Кежман, неговиот менаџер за италијанските медиуми сега зборуваше за пондите, откри и дека едната била од ПСЖ и изнесува осум милиони евра годишно.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
„Можеше да заработува многу повеќе на друго место. Во Франција му нудеа осум милиони евра годишно. Остана бидејќи сака овој клуб да го одведе во Лигата на шампионите. Има само 23 години и со Инзаги може многу да научи“, изјави Кежман.
Кежман додаде и дека Лацио одбил многу понуди ова лето.
„Многум клубови сакаа да го доведат. На Лацио му презентиравме неколку понуди, но на крајот без проблеми ја прифативме одлуката да остане. Тие ни објаснија дека Сергеј е важен фудбалер и дека им е потребен за клубот да се избори за пласман во ЛШ, а тоа е и негова цел“, истакна менаџерот на фудбалерот.
Ќе потсетиме, според новиот договор Сеегеј во Лацио најверојатно ќе заработува околу три милиони евра годишно.