Дома Топ вести Има само еден начин Погба да остане, а тој нема да му се допадне на Мурињо?!

Има само еден начин Погба да остане, а тој нема да му се допадне на Мурињо?!

Пол Погба овие денови е на удар на медиумите поради слабите настапи, Жозе Мурињо често застанува во неговата одбрана. Што всушност се случува?

Манчестер Јунајтед има проблеми на стартот од сезоната. Лошо стартуваа, Мурињо е на удар, како и сопствениците, а помеѓу оние кои се незадоволни наводно е Пол Погба, освојувачот на последниот Мундијал.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Французинот во текот на летото се поврзуваше со заминување од неколку клубови, а денес се појави и изјавата на Луис Суарез кој порача дека Погба е добредојден во Барселона.

Како Јунајтед да го задржи?

Денешното издание на „Метро“ пренесува дека постои само еден начин Погба да не замине, а тоа е – Зидан да го замени Мурињо!

Зидан во овој момент е без ангажман, прашање е дали сака да се врати во фудбалот оваа сезона, но и покрај тоа тој е прв фаворит за наследник на Мурињо.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…