Дома Фудбал На ред дојде и тој: Мурињо ја призна вината пред судот и ја прифати казната

На ред дојде и тој: Мурињо ја призна вината пред судот и ја прифати казната

Tренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо ја призна вината за затајување данок од времето додека беше тренер Реал Мадрид.

После Меси, Роналдо и Нејмар, пред шпанскиот суд се најде и Мурињо кој беше обвинет за затајување данок. Португалецот и онака има големи проблеми во Манчестер Јунајтед, па не сакаше дополнителни проблеми и веднаш ја призна вината.

Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст


Мурињо се обвинува дека ја оштетил државата за околу 3.3 милиони евра данок, после признавањето на вината судот му ја одреди тежината на казната. Имено, Мурињо ќе мора да плати 669.323 евра како оштета, а исто така ќе биде казнет со една година условна затворска казна.

Истрагата беше започната пред неколку години бидејќи Мурињо не плаќал данок на комерцијалните права во 2011 и 2012 година.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

На клупата на Реал тагува момче од 50 милиони, изразот на лицето кажува сè (Фото)

Бразилскиот напаѓач Ендрик оваа сезона не одигра ниту една минута за Реал Мадрид. Иако ода…