Дома Фудбал Англија Мустафи нема да биде казнет поради двоглавиот орел

Мустафи нема да биде казнет поради двоглавиот орел

Фудбалерот на Арсенал, Шкодран Мустафи се најде во центарот на вниманието поради “контроверзната“ прослава на погодокот кој го постигна во неделата против Кардиф.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Мустафи голот го прослави со покажување на двоглавиот орел, како што тоа на СП го направија Шакири и Џака во дуелот со Србија. Споменатиот двоец беше казнет од ФИФА, па се шпекулираше дека слична судбина го чека и Мустафи.

Фудбалскиот сојуз на Англија одлучи дека нема ништо спорно во прославата на погодокот па овој германски репрезентативец ќе помине без казна.

Шкодран Мустафи е роден во Германија во албанско семејство од Македонија, а пред Арсенал настапуваше за Валенсија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Неверојатни сцени: Халилходиќ во конфликт со навивачите на Нант

Натпреварот од последното, 34. коло на француското првенство меѓу Нант и Тулуз беше прекин…