Дома Фудбал Италија Големите очекувања, донесоа разочарување: Се „тресе“ клупата на Ди Франческо во Рим?

Големите очекувања, донесоа разочарување: Се „тресе“ клупата на Ди Франческо во Рим?

Ова лето Рома направи вистински бум на трансфер пазарот, Мончи скоро да го промени и целиот тим, а стартот на сезоната донесе променлива игра.

Победа, пораз и реми тоа е учинокот на Ди Франческо во првите три кола и тоа е најлош старт на „волчицата“ уште од кога Зденек Земан го водеше клубот во сезоната 2012/2013.

Дејан Јакимовски: Ни ФИФА не веруваше дека ќе стигнеме на време со ВАР системот | Уште еден поткаст


Рома ја напуштија неколку важни играчи (Алисон, Наинголан, Стротман), а новајлиите се уште не се вклопени онака како што е потребно.

Jaсно, виновник се бара во несреќниот тренр. Прашање е колку е коретно, но ситуацијата е таква и за тоа се пишува во неколку италијански медиуми. Кога не оди, секогаш прв на удар е тренерот, па зошто Рома би била исклучок?

Секако, тука се и првите кандидати за наследник на Ди Франческо.

Во прв план се споменуваат добро познати имиња – Антонио Конте и Винченцо Монтела. На „Олимпико“ наводно се свесни дека поранешниот селектор на Италија не е реална опција, но нема да се откажат без да се обидат (секако, доколку Ди Франческо добие отказ), додека за Монтела се размислува срамежливо.

Moнтела е клупска легенда на Рома ново претходните три сезони не се прослави како тренер на Сампдорија, Милан и Севилја.

Сепак, без оглед на ваквите пишувања на медиумите, барем засега Ди Франческо е безбеден, а колку ќе потрае тоа „засега“ останува да видиме.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Еден штрајкува да си замине од Њукасл, друг да дојде во Њукасл

Парадокс во Премиер лигата. Еден фудбалер штрајкува да си замине од Њукасл, друг штрајкува…