Дома Останати Авто Мото Возбудлива трка во Монца – Хамилтон прв низ целта

Возбудлива трка во Монца – Хамилтон прв низ целта

Луис Хамилтон го победи Ферари на негов терен и прв мина низ целта на патеката во Монца за големата награда на Италија.

Британецот ги искористи сите шанси кои му ги понудија возачите на Ферари и иако стартуваше од третата позиција на крајот се искачи на највисокото место на подиумот.


Трката почна возбудливо, уште на стартот се случи инцидент меѓу Хамилтон и Фетел по кој возачот на Ферари мораше да го посети пит стопот, а на патеката излезе безбедносното возило.

Кими Раиконен кој синоќа ја освои пол позицијата беше на чело на трката се до 45-от круг кога беше пристигнат од Хамилтон и на крајот заврши како втор, а на подиумот се искачи и Ботас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Одбојкарите утре ги започнуваа подготовките за „Златната лига“

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во хотелот „Горан Пандев“ во Струми…