Откако УЕФА синоќа наградата за најдобар играч му ја додели на Лука Модриќ, веднаш од таборот на Роналдо почнаа да испраќаат силни критики.
Најпрво неговиот менаџер, Жорге Мендеш ја нарече таквата одлука на УЕФА „срамна“, а потоа и директорот на Јувентус Марота изјави дека Португалецот повеќе ја заслужувал наградата.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Нападите кон Модриќ и УЕФА не стивнуваат, па сега и сестрата на Роналдо – Катја Авеиро бурно негодуваше преку социјалните мрежи.
Таа на Инстаграм објави фотографија на која е обележана статистиката на Кристиано и Лука од изминатата година во Лига на шампиони и напиша:
„Готово, секој може да донесе заклучок“.