Лука Модриќ, Интер и Реал Мадрид беа една од главните теми ова лето.
Сега, иако е јасно дека Хрватот нема да заврши на „Џузепе Меаца“, барем не во овој преоден рок страстите на релација Мадрид-Милано не смируваат.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Имено, вечерва во реномираниот светски медиум „Гоал“ се појави изненадувачка изјава на првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез на тема „Интер – Модриќ“.
„Интер ова лето сакаше да го добие Модриќ без да го плати. Вакво нешто навистина немам видено во досегашната кариера“, гласи изјавата на Перез која набрзо крена прашина во медиумите.
#RealMadrid, #Perez all'attacco dell'#Inter: "Volevano prendere #Modric gratis!" https://t.co/OzJ5nVKtcU
— Goal Italia (@GoalItalia) August 30, 2018
Не се чекаше долго за да се појави и одговор од другата страна, а дојде од легендата на „нероаѕурите“ кој и денес е дел од клубот, Хавиер Занети.
Аргентинецот порача дека доколку навистина Перез дал таква изјава, правдата ќе бара преку правните служби.
„Ако Перез навистина изјавил нешто такво, сериозно ќе размислиме правдата да ја побараме преку правните служби“.