Дома Фудбал Италија Гатузо: Против Наполи бевме господари на теренот 60 минути!

Гатузо: Против Наполи бевме господари на теренот 60 минути!

Милан треба што побрзо да го заборави горчливиот пораз против Наполи бидејќи викендов на програмата е ново дерби, овој пат против Рома.

Тренерот Џенаро Гатузо во интервју за клупската телевизија не го криеше рзаочарувањето од поразот, но истакна дека имало многу позитивни аспекти во играта на „росонерите“.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Бевме господари на теренот цели 60 минути и не му дозволивме на Наполи ниту еднаш да биде опасен по нашиот гол. Потоа примивме гол после една грешка и едноставно го отстапивме теренот. Тоа не смее да се случи. Имаме навистина силен тим и треба да правиме помалку грешки, а за тоа ќе ни треба уште малку време“, истакна Гатузо.

„Многу сум задоволен од играта на Игуаин, но треба да му сервираме повеќе топки во последните дваесетина метри од теренот. Двата гола кои ги постигнавме против Наполи се благодарение на неговите движења, тој е важен и кога не постигнува голови“, заклучи тренерот на „росонерите“.

Тимот на Милан веќе во петок го очекува ново големо дерби, на „Сан Сиро“ ја пречекува Рома.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Реал Мадрид ќе го обнови договорот на Браим Дијаз

Реал Мадрид постигна договор за продолжување на договорот со офанзивниот играч за врска Бр…