Дома Фудбал Италија Директорот на Интер за Модриќ: Кој е тој?

Директорот на Интер за Модриќ: Кој е тој?

Со недели Интер се паврзува со Лука Модриќ, но сега веќе е јасно дека Хрватот нема да го напушти Реал Мадрид.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


После големиот успех со Хрватска во Русија, се појавија гласини за можен трансфер на Модриќ во Интер, но на крајот ништо не се случи иако во еден момент беше доста блиску.

Непосредно пред синоќешниот натпревар помеѓу Интер и Торино, директорот на Интер Аусили го запрашаа дали Модриќ и натаму е приоритет на миланскиот тим.

„Кој? Ние сме задоволни со екипата која ја составивме ова лето, целта ни беше да ја засилиме екипата во сите сегменти на игра и донесовме играчи кои ни беа потребни, посебно во смисла на искуство.“

„Желбата ни беше да имаме неколку алтернативи во нападот за да бидеме повеќе непредвидливи.“ – изјави претседателот на Интер.

Смета дека Интер сега е комплетен, иако не делува така после еден бод освое во првите две кола. Миланскиот клуб беше поразен од Сасуоло, а синоќа на Џузепе Меаца освоија само бод против Торино, иако водеа со 2:0.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Соблекувалната одлучи: Ѕвездите на Реал побараа продажба на миленикот на навивачите!

Вистински потрес се подготвува во соблекувалната на Реал Мадрид! Како што пишуваат некои ш…