Дома Останати Авто Мото Фетел најбрз пред квалификациите за ГН на Белгија

Фетел најбрз пред квалификациите за ГН на Белгија

Доминацијата на Ферари на тренинзите пред квалификациите за ГН на Белгија се продолжи. Имено, на последниот трет тренинг, најбрз беше Севастијан Фетел, додека втор беше неговиот тимски колега, Кими Рајконен.

Германскиот возач најбрзиот круг го извози со време 1:42.661, додека на Рајконен времето беше 1:42.724.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


По тимот на Ферари најбрз беше тандемот на Мерцедес. Така Луис Хамилтон запиша време од 1:42.798, додека Ботас 1:43.464.

Трееба да се додаде и дека тандемот на Ред Бул, Верстапен и Рикиардо го зазедоа петтото односно шестото место.

Инаку квалификациите за ГН на Белгија на распоредот се денес во 15:00, додека трката е закажана за утре во 15:10.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Авто Мото

Проверете

Нов потрес во Формула 1: Ред Бул остана без човекот кој го креираше шампионскиот тим!

За многумина најдобриот дизајнер во светот во Формула 1, Адријан Њуи замина од Ред Бул. Ов…