Жозе Мурињо нема намера да се откаже од обидот да го врати Манчестер Јунајтед на самиот врв во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ последната титула во ПЛ ја освоија во 2013. година под водство на легендарниот Сер Алекс Фергусон.
Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓
Пред Мурињо клубот неуспешно го предводеа Давид Мојес и Луи Ван Гас, а ниту „Специјалниот“ не забележа значајни успеси во домашното првенство.
Ова лето Жозе остана без планираните засилувања. Иако на потпретседателот Ед Вудворд му даде список на фудбалери кои ги сака во својот тим, ги доби само Фред, Далот и Грант.
Тоа многу го вознемири португалскиот стратеф, а како што наведува Мирор од извор близок на Мурињо, размислувал дури и за заминување. Меѓутоа, на тој чекор не се одлучил. Како што се наведува, им соопштил на пријателите дека би заминал во истиот момент да бил во прашање било кој друг клуб, но да се откаже од Манчестер Јунајтед не е така лесно.
Со оглед на стартот во новата сезона не треба да не чуди и ако набрзо замине. Јунајтед има победа и пораз во првите две кола, но тимот од „Олд Трафорд“ изгледа очајно, особено во одбраната каде „Специјалниот“ не ги доби очекуваните засилувања.
Желба му беа Тоби Алдервирлд, Хари Магури, Диего Годин и Мина. На крајот не доби ниту еден од нив, а сите слабости во одбраната беа откриени во мечот против Брајтон, каде „Ѓаволите“ изгледаа очајно.
Многу лесно може да се случи во сличај на лоши партии во следниот период, Мурињо да замине, а како негови замени на клупата се споменуваат Зинедин Зидан и Антонио Конте.