Милан ова лето доживеа големи промени. Клубот премина во рацете на „Елиот“ и се промени конплетното раководството на миланскиот гигант.
Пристигнаа клупските легенди Леонардо и Малдини, кои во преодниот рок кој штотуку заврши донесоа неколку големи засилувања во Милан.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италијанските медиуми пренесуваат дека Леонардо веќе работи на зимските засилувања, а главна цел ќе биде бразилскиот пазар. Познато е дека Бразилецот одлично го познава тој пазар и дека своевремено беше најзаслужен за доаѓањето на Кака и Тиаго Силва во Милано.
Сега на радарот на Леонардо се наоѓаат двајца фудбалери, а станува збор за Лукас Пакета и Родриго Кајо.
Пакета е прогласен за еден од најголемите бразилски таленти, игра на позиција офанзивен играч за врска и настапува за Фламенго. Додека Родриго Кајо е еден од најдобрите дефанзивци во бразилскиот шампионат и настапува за Сао Паоло.
Леонардо наводно уште сега започнал преговори за двајцата фудбалери и сака да ги донесе на „Сан Сиро“ во јануари или следното лето.