Мурињо пред почетокот на сезоната јавно ја критикуваше трансфер политиката на својот клуб и неможноста на раководството да му ги донесе посакуваните засилувања.
После поразот на гостувањето во Брајтон, фановите застанаа на негова страна и спремаат жестк напад на извршниот потпретседател на клубот, Ед Вудворд.
Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиските медиуми пренесуваат дека фановите на следниот натпревар на „Олд Трафорд“ платиле авион со банер да испрати порака до раководството и ќе бараат оставка од Вудворд.
Вудворд се соочува со големи критики од фановите поради фактот што не ги исполни желбите на Мурињо во летниот преоден рок. „Специјалниот“ бараше врвен дефанзивец, достави неколку имиња, но клубот не успеа да му донесе квалитетно засилување во одбраната.