Дома Топ вести Реал не се откажува: Испраќа последна понуда за Азар

Реал не се откажува: Испраќа последна понуда за Азар

Раководството на Реал Мадрид одлучи да испрати уште една, последна понуда за ангажман на Еден Азар.

Иако англиските медиуми претходните денови објавија дека Азар сигурно ќе остане во Челзи, кој му понудил нов договор, Реал сепак во финишот на преодниот рок ќе се обиде да го доведе Белгиецот во Мадрид.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Кралевите“ наскоро ќе испратат официјална понуда, која ќе биде последна, но сигурно ќе биде и тоа како богата.

Навивачите на Реал Мадрид бараат засилувања после заминувањето на Кристиано Роналдо, а и тренерот Лопетеги не е задоволен од солуциите кои ги има во нападот.

Сепак, тешко е да се поверува дека Челзи ќе ја прифати понудата во овој момент, бидејќи трансфер пазарот во Англија е затворен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Ројс купи пиво за 80.000 фанови: Последната тура е моја🎥

Борусија Дортмунд се раздели со Марко Ројс, кој го одигра последниот меч на домашен терен …