Дома Фудбал Останато Венгер потврди: Анри е подготвен за новиот предизвик во кариерата

Венгер потврди: Анри е подготвен за новиот предизвик во кариерата

Клупската управа на францускиот прволигаш Бордо е во потрага по нов тренер откако му е врачен отказ на Густаво Појет.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Во трката за клупата на Бордо има неколку имиња, а француските медиуми пишуваат дека најголеми шанси има легендарниот Тиери Анри, кој веќе некое време е во стручниот штаб на фудбалската репрезентација на Белгија.

Како што се наведува, ниту самиот Тиери не би имал ништо против да го преземе Бордо, што потврди и Арсен Венгер коментирајќи ја таа ситуација.

„Да, Анри тоа го сака. Интелегентен е и има се што е потребно за да се најде на тоа место“, истакна Венгер, па потоа додаде дека постои мал проблем…

„Клучното прашање со кое сите се соочуваме е дали сме подготвени да го жртвуваме приватниот живот за да се посветиме на тренерската работа“.

За неговите услуги изминатата недела интерес имаше и Астон Вила, како и Фудбалскиот сојуз на Египер, но до соработка не дојде.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Meси утре испишува историја, може ли како Кафу?

Аргентинската фудбалска репрезентација во недела од 21 час во Њујорк ќе го одигра финалето…