Дома Фудбал Англија Се огласи Клоп: Вистински сер*о е оној кој вели дека повредата на Де Бруин ќе промени нешто…

Се огласи Клоп: Вистински сер*о е оној кој вели дека повредата на Де Бруин ќе промени нешто…

Тренерот на Ливерпул, инсистира дека Граѓаните секако се фаворит за освојување на Премиер лигата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп истакна дека е сер*о секој оној кој вели дека повредата на Кевин Де Бруин нешто ќе промени во однос на состојбата во Премиер лигата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Де Бруин ќе пропушти три месеци фудбал по повредата на лигаментите на тренингот претходно оваа недела.

Како и да е, Клоп инсистира дека Сити има сила и длабочина во тимот да го надомести отсуството на Белгиецот и дека Граѓаните и натаму мораат да бидат сметани како фаворити за освојување на Премиер лигата.

Потоа зборуваше за Де Бруин

„Пред се, му посакувам се најдобро. Го сакам тој играч, го сакав очајнички додека бев во Дортмунд, а тој во Челзи, но Мурињо не ми го даде. Каква сезона имаше, каков Мундијал имаше. Жал ми е поради него. Го доведоа Ријад Марез, играа сите на своите позиции, има кој да го замени“, истакна Клоп.

Манчестер Сити утре на домашен терен игра против Хадершфилд од 14:30, а Ливерпул во второто коло ќе гостува кај Кристал Палас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…