Дома Фудбал Италија Официјално: Милан го ангажираше Бакајоко (ФОТО)

Официјално: Милан го ангажираше Бакајоко (ФОТО)

Милан на официјалната веб-страна потврди дека го ангажираше Тиемуе Бакајоко од Челси. Овој 23-годишен играч пристигнува на позајмица, со право на откуп на крајот на сезоната.

Бакајоко ја почна кариерата во Рен, пред да замине во Монако каде што играше брилијантно, а токму тие настапи го натераа Челси да го купи, но таму не се покажа, па сега ќе почне нова авантура кај „росонерите“.

Бакајоко ќе биде официјално претставен на прес-конференцијата на 17. август во Каса Милан.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Арсенал во предност за трансфер на младиот Нуса

Арсенал е во силна позиција за трансфер на Антонио Нуса, благодарение на учеството во Лига…