Новиот член на Серија А, Емполи се засили со искусниот Лука Антонели на три години.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Антонели има 31 година и игра на позицијата лев бек, а откако Милан му стави до знаење дека не смета на него, се одлучи за трансфер во Емполи.
Во новиот клуб доаѓа како слободен играч, откако неколку години помина во Милан.
„Им благодарам на сите во Милан, добив голема шанса, но време е да тргнам понатаму.“ – порача Антонели.
Во последната сезона одигра само 13 натпревари за Милан и постигна еден погодок.