Филипе Кутињо сепак ќе настапи против Севиља во натпреварот од Супер купот на Шпанија кој се игра во недела од 22:00.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Бразилецот има право на настап бидејќи повеќе не се води како играч надвор од ЕУ, па Барса ќе може да го регистрира на својата страница. Пасошот од Португалија го доби по венчувањето со својата долгогодишна девојка Аина, која е со Бразилецот уште од деновите кога настапуваше за Васко де Гама.
Така да ова ќе ги остави само Малком, Видал и Артур како три дозволени играчи надвор од границите на Европската унија. Кутињо секако ќе биде еден од главните мотори на тимот од „Камп Ноу“ во одбраната на Примера.