Дома Фудбал АС: Модриќ ја донесе одлуката!

АС: Модриќ ја донесе одлуката!

Хрватскиот репрезентативец, Лука Модриќ останува во Реал Мадрид, пишува „АС“.

Модриќ со денови се поврзува со Интер, но се поизвесно е дека ќе остане член на Реал. „АС“ објави дека Хрватот нема да ја напушти средината.

До кога ќе дишеме отровен воздух!? | Уште еден поткаст


„Лука одлучи и ќе остане во Реал. Понудата од Интер да се пресели четири години во Милано и уште две во Кина го замисли, но од извори блиски до Модриќ дознаваме дека во разговор со семејството одлучил да остане во Реал. За тоа зборувал со наблиските пријатели“, тврди споменатиот медиум.

Во Реал заработува шест и пол милиони евра по сезона, додека Интер му нудеше 10 и договор на шест години, а во Реал има уште две години валиден договор. Реал е подготвен да му ја зголеми платата и да го доведе приближно до Герет Бејл и Серхио Рамос, кои имаат по 11 милиони во Реал.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Јирген Клоп нема откупна клаузула, појасни неговиот работодавач

Дали Јирген Клоп може лесно да се врати како менаџер на некој клуб? Пред некое време се зб…